Никогаш во историјата на некое фудбалско натпреварување немало толкави безбедносни мерки како што ќе биде на следното Еуро во Франција. Тоа го потврди пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Русија кој го обезбедуваа 4.000 полицајци и лица за безбедност. На секој 20-ти навивач имаше по еден припадник на обезбедувањето, а секој гледач на патот до своето седиште морал да помине четири контроли.
Колкави беа мерките за безбедност најдобро потврдува фактот дека влезот на стадион бил отворен дури четири часа пред натпреварот.
Мерките на натпреварите на Еуро2016 во Франција ќе бидат уште построги. Постојат дури пет начини како Французите ќе конторлираат дека на стадионот не можат да влезат терористи, но и хулигани со факели, петарди и слично.
“На првиот влез во стадионот на секој навивач ќе му се проверува личната исправа кој ќе мора да се сложува со името на влезницата. Потоа секој навивач ќе проаѓа детектор за метал, а потоа претрес на телото и торбата. Исто така, сѐ ќе се снима со камери, а ќе биде покриен секој милиметар на стадионите и околу него. На секој натпревар ќе има посебна антитерористичка единица”, соопштил францускиот министер за внатрешни работи Bernard Cazenueva.
Иако потпретседателот на УЕФА, Giancarlo Abete, соопшти дека постои мала можност поради опасност од тероризам Еуро да се игра на празни трибини, францускиот претседател Francois Hollande тоа го демантирал. Силно порачал дека нема да отстапи од заканите на терористите.
“Одложувањето на Еуро никогаш не беше опција. Натпреварите ќе се играат и тоа пред полни трибини. Сакаме да покажеме дека спортот нема да подлегне на притисокот и заканите на терористите”, порачал Francois Hollande, кој нагласил дека приватните компании веќе обезбедиле додатни 3.000 лица за безбедност, а пресметките за безбедност на Еуро2016 се зголемени за 15%.
УЕФА соопшти дека овие денови ќе издаде упатства како ќе треба навивачите да се однесуваат и што ќе им биде дозволено а што не.
Од 51 натпревар кои ќе се играат на Еуро2016 девет се означени како ризични.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град