Притвор во траење од 30 дена за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски одреди Кривичниот суд, потврдуваат од Судот, пренесува „Радио слободна Европа“.
Притвор во траење од 30 дена за началникот на петтата управа во МВР, Горан Грујевски одреди Кривичниот суд, потврдуваат од Судот, пренесува „Радио слободна Европа“.
Повеќе од осум часа траеше распитот на Грујевски, кој е првоосомничен во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. СЈО претходно побара притвор за него.
Освен Грујевски, осомничени во случајот се и други началници и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Според Обвинителството, тие незаконски уништиле опрема за следење на комуникациите со изговор дека е застарена, со што на државата и била нанесена штета од 10 милиони евра. Осомничените се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување на службени исправи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град