Охрид утрово го зафати силен ветар дуваше со брзина од над 100 км на час.
Силен ветар го зафати Охрид и охридско утрово. Во делови од градот летаа ќерамиди, рекламни паноа, се искршија и многу гранки, а паднаа и бандери. Атанас Ковачески , портпаролот на ЕВН Македонија информира дека силниот ветар направил одредени проблеми во напојувањето со елктрична енергија во Охрид, околината и Дебрца. Од силината на ветерот биле откорнати неколку бандери и се скинале проводници на електричната енергија.
Екипите на ЕВН на терен ги санирале настанатите проблеми, а доколку повторно има потреба ќе се вклучат во отстранување на пријавените проблеми. Од охридската метеролошка станица информираат дека во последниве години во градот не е забележан ветар со ваков интензитет каков што утрово го зафати Охрид. Ветерот бил со најак интензитет во 9 часот.
„ Градот го зафати рафален ветар со удар на ветерот од 29 метри со 105 км на час со два удари. Максималната брзина на ветерот е измерена во два пократки удари. Првиот удар на ветерот беше со времетраење од 1 час без прекин“, информира Илијоска .
Ветерот кој дуваше утрово беше со југоисточен правец со налети во три наврати. Првиот беше најсилен и траеше 1 час, додека другите два налети трае по половина час, посочува Илијоска. Охридската метереолошка станица е една од технички подновените во земјава.
„ Имаме електрична и автоматска станица. Се мери и со термометар има и други пишувачи, барометар за мерење на притисок, температура, влага. Подновена е со омбриограф автоматската станица за мерење на дожд, “ подвлекува Илијоска.
Инаку, денес во светото се одбележува денот на метереологијата ,а охридската метереолошка станица датира од далчената 1923 година. Во текот на годините таа е технички опремувана со современи апарати за следење на временските промени.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град