По двете експлозии што се случија утринава околу 8 часот на бриселскиот аеродром, уште една експлозија се случи на метро станиците Малбек и Шуман кои се наоѓаат на неколку метри од европските институции.

Властите одлучија да го кренат нивото на тревога на највисокото 4то ниво а во тек е сесија на Советот за безбедност.
Премиерот Шарл Мишел на Твитер напиша дека приоритет е да им се даде нега на жртвите. Тој и министерот за внатрешни работи изјавија дека ќе следат ситуацијата и дека се испитува тезата за терористички напад.
Се уште нема официјална потврда за бројот на жртвите. Според белгиското радио има 10 загинати и 30 ранети.
Се уште нема вести за евентуални жртви во метро станиците во градот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град