Во петок, 25-ти март 2016 година, во 20.00 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни “Танец”.
Во петок, 25-ти март 2016 година, во 20.00 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ концерт ќе одржи Ансамблот за народни игри и песни “Танец”.
На програмата ќе бидат, ТЕШКОТО – Кореографија2. ТРЕСЕНИЦА – Кореографија3. СУДБО МОЈА – Сузана Спасовска4. НЕ ВИТКАЈ СЕ СОФЧЕ – Сузана Спасовска5. МИТРА МОМА ПОПОВАТА – Сузана Спасовска6. МАЛЕШЕВКА – Кореографија7. ДОЈДИ ДОЈДИ МАЛОЈ МОМЕ – Пеачки Кор 8. ПОМНИШ ЛИ ЛИБЕ ТОДОРО – Пеачки Кор9. СЕДНА БАБА ДА ВЕЧЕРА – Пеачки Кор10. БЕЛОМОРСКИ БИСЕР – Кореографија11. МОМИНСКО ОРО ИГРАОРНА ФАНТАЗИЈА И ЕСТРАДНО ОРО – Оркестарски Сплет12. ДРАЧЕВКА – Кореографија.
Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.
Веќе шест децении “Танец” со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на Македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез е длабоко врежано во потсвеста на секој македонец.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град