Христијан Зафировски од Охрид оди на натпреварот МЕП во Унгарија

Осумнаесет годишниот Христијан Зафировски од Охрид кој е ученик во гимназијата „Св. Климент Охридски“ ќе биде дел од тимот на 5 делегати од Македонија кои ќе ги бранат боите на нашата земја на Европската симулација на натпреварот Модел Европски Парламент, кој ќе се одржува во Будимпешта, Унгарија од 9-ти до 16-ти април 2016 година.

hristijan zafirovski

Охридскиот средношколец Христијан Зафировски заедно со уште четворица други средношколци од Скопје и Струмица, се тимот на 5 делегати од Македонија кои ќе ја претставуваат Македонија на на Европската симулација на натпреварот Модел Европски Парламент во Унгарија. За да се биде дел од ова искуство, за дебатирање и јавен говор, еден ученик треба да помине низ неколку квалификации. Најпрво, се поминува низ школски натпревар одржан од страна на менторот кој е задолжен за овој проект во училиштето.Најдобрите тројца добиваат шанса да бидат дел од националната сесија која брои околу 60 учесници, и петтмината кои ќе покажат најмногу знаење и умешност, ја имаат честа и задоволството да учествуваат во интернационална сесија која оваа година се одржува во Будимпешта, Унгарија.За време од еден месец тимот на Христијан вршел темелни истражувања во однос на зададен проблем, за кој требало и да изнајдат решенија, а истовремено претставувале и одредена земја.

„Овој пат имавме среќа да ја претставуваме Финска којашто е во врвот на Европската Унија и во однос на трите теми коишто ни беа зададени можам слободно да речам дека ни беше лесно да се позиционираме. Седаваат и други земји кои се со статус на кандидат, односно кои претендираат да се дел од ЕУ“, потенцира Христијан.

Христијан вели дека на државниот натпревар му претходеле натпревари во МЕП Клубовите во училиштата, каде под раководство на менторите се одредувало кои тројца ученици ќе го претставуваат училиштето. Подготвоките за натпреварот Модел Европски Парламент во Будимпешта, стануваат се поинтензивни, вели Христијан.

hristijanНа натпреварот Модел Европски Парламент во Будимпешта ќе има учесници од 33 земји од Европа од кои 28 земји членки и 5 земји кандидати. Организацијата на натпреварот е под покровителство на ЕУ и Кралството Холандија, која го поддржува овој проект и во Скопје.

„Постојано сме во контакт преку Facebook преку Skype, работиме со координаторите кои си ја знаат својата работа. Се подготвуваме напорно, секој втор викенд се среќаваме во Скопје на делегациски состанок и навистина гледаме да се претставиме што подобро и верувајте во изминативе години македонците се најспоменуваните на таа интеранционална сесија“, објаснува Христијан.

Модел Европски Парламент (МЕП) е средношколска, воннаставна програма која е наменета за сите средношколци ширум Европа. Нејзината примарна цел е преку практично учење да се подобри знаењето кое средношколците го имаат за законодавниот орган на Европската Унија односно Европскиот Парламент, функциите на институциите на ЕУ, политиките, законите и влијанието кое тие ги имаат. За време на траењето на една сесија, учениците работат исто како што работи самиот Европски Парламент, поделени се во комитети во кои дискутираат и пронаоѓаат решение на даден проблем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top