Викендов во Прњавор БиХ , се одржа 14-тиот со ред Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир, на кој учествуваа 34 клубови од 11 земји (Република Македонија, БиХ, Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Унгарија, Словенија, Австрија, Албанија и Романија).
Викендов во Прњавор БиХ , се одржа 14-тиот со ред Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир, на кој учествуваа 34 клубови од 11 земји (Република Македонија, БиХ, Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Унгарија, Словенија, Австрија, Албанија и Романија).
На овај силен турнир учествуваа и претставници на Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид, предводен од Марјанчо Лазаревски, црн IV појас дан (поранешен светски вицешампион Прага ’96) и Зоран Донев црн I појас дан.
– Во многу тешка конкуренција, нашите натпреварувачи и овој пат не претставија успешно и направија да се чувствуваме горди како Македонци. И покрај лошите судиски одлуки, тие освоија 8 медали, од кои еден златен, 2 сребрени и 5 бронзени медали. Елена Јанеска, на која ова и` е трет натпревар, по трет пат се искачи највисоко на пиедесталот, со што покажа дека е доминатна во својата категорија – спаринг, девојчиња -40 кг до 10 години. Нејзиниот брат Антонио Јанески, во финалето беше оштетен од страна на судиите и го освои второто место во категоријата – спаринг деца 10-14 години – 45 кг. Миле Климоски за малку не ја потврди својата доминација во форми – 5-6 куп, откако во финалето згреши еден елемент и не успеа да стигне на првото место, па мораше да се задоволи само со сребрениот медал, информираат од клубот.
Додаваат дека на турнирот одлично се претставиле браќата Марио Крстески и Давид Крстески, кои се бореле во категоријата спаринг деца – 30 кг, и во силна коокуренција стигнале до полуфиналето.
– Тие се двајцата оштетени од страна на судиите, затоа што сите очекуваа финале на двајцата браќа. Марио Крстески беше пофален од многу тренери и судии поради неговата атрактивност која ја покажа во првиот круг елиминации, а неговиот брат Давид Крстески беше пофален како многу стабилен и борец со одлична техника. Александар Јованоски кој е кандидат да не претставува на светското првенство во Италија на почетокот на септември, во форми го освои третото место. Напоменуаме дека тој беше оштетен и на тоа реагираа повеќето тренери. Сите очекуваа злато од негова страна, додека во спаринг беше елиминиран во вториот круг од домашниот претставник во негова категорија – 63 кг јуниори, иако покажа одлична храброст и атрактивна техника, при што беше повторно оштетен. Јане Димов освои трето место во форми за 7-8 куп, при што докажа дека е перспективен натпреварувач. Давид Велковски го освои ретото местово форми 5-6 куп во категорија деца 10-14 години, и тој исто така беше видно оштетен од страна на судиите. Хриситјан Митрески во елиманации беше оштетен во форми, додека во спаринг за малку не се избори за медал во својата категорија. Јана Спасеска, на која ова и беше прв натпревар во форми, беше елиминирана уште во првиот круг, информираат од „Хва Ранг ИТФ“, од каде додаваат дека нивните спортисти повторно покажале дека се дел од Таеквондо елитата на овие простори и испраќаат благодарност до нивните генерални спонзори – фирмите „ПН МЕТАЛ“ и „НО-МА МЕТАЛ“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град