Тајните на Охрид: Трската

Денес ви претставуваме уште една од тајните на Охрид и езерото преку објективот на Ѓоко Симјаноски.

трска

Денес ви претставуваме уште една од тајните на Охрид и езерото преку објективот на Ѓоко Симјаноски.

Трската, Phragmites australis (Cav.) Trin. ex Steud. (Phragmites communisTRIN.)од Охридското Езеро е значаен претставник на емергентната макрофитска вегетација од Охридското Езеро.

Tрската е место каде што се мрестат голем број риби и се гнездат различни видови птици.Трската преставува природен филтер на водата и плус на тоа место има и жив свет. Не само за рибите туку и за патките.

Одредени истражувања направени пред повеќе од 25 години покажуваат дека најголеми површини на трска на Охридското Езеро од Македонска страна има на струшкиот дел односно на северозападното и на северното подрачје и кај Свети Наум.

Истражувањата на научните работници покажуваат дека има зголемување на површината со трска околу Охридското езеро за 2,8 хектари, и покрај неконтролираното уништување од страна на човекот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top