Расправија за Меси – Роналдо добила трагична димензија

Убиство на пријател поради расправија Меси-Роналдо

 |  инфодеск  | 

Веројатно нема фудбалски вљубеник кој не учествувал во една од најчестите фудбалски теми на 21 век. Кој е подобар, Лионел Меси или Кристиано Роналдо, расправа која се води во сите земји ширум светот. За жал, една таква расправа во Индија завршила трагично.

Шпанската новинска агенција Efe носи вест дека во повеќе милионскиот Мумбај во неделата еден маж го убил својот пријател на роденденска забава поради кавга. Полициските извори велат дека двајцата мажи се расправале за Меси – Роналдо, односно Реал – Барселона.

Момчето кое славело роденден, идентификуван како Обина, го гаѓал со чаша пријателот Нвабуа, навивач на Барселона. Наместо него, погодил во ѕидот, а овој толку збеснал што зел парче стакло и го прободел момчето кое искрварило од задобиените рани.

Полицијата стигнала откако соседите пријавиле голема расправија, но на момчето му немало спас, пишува агенцијата Efe.

Ова е веојатно прва смрт предизвикана од расправија која се случила во нефудбалска земја. Јасно е дека убиството не се случило директно поради Меси и Роналдо, но секако дека таа беспотребна караница била прекинувач која довела до човечка жртва.

Да потсетиме дека пред три години во Ирак еден симпатизер на Барселона уби сограѓанин и пријател кој бил навивач на Реал, а расправијата избила за време на заедничко следење на Ел Класико.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top