Избори во јуни

Со изгласувањето на Одлуката за поништување, изменет е член 2 од Одлуката за распуштање на Собранието со што 24 февруари 2016 се заменува со 7 април 2016 година како ден за распуштање на Парламентот.

tabla

Со изгласувањето на Одлуката за поништување, изменет е член 2 од Одлуката за распуштање на Собранието со што 24 февруари 2016 се заменува со 7 април 2016 година како ден за распуштање на Парламентот.

Тоа значи дека ако се земе предвид дека од денот на распуштање на Собранието до избори треба да поминат 60 дена, избори ќе има на 5 јуни годинава.

За Одлуката за измена на претходната Одлука за распуштање на Собранието, која што е по иницијатива на ДУИ, ДПА и Лилјана Поповска, не гласаа СДСМ и другите пратеници од опозицијата.

Претходно собранискиот спикер Трајко Вељановски прочита пред пратениците дека министрите и замениците министри од опозицијата, кои претходно ковертираа оставки во случај Собранието да се распуштеше на полноќ, ги повлекуваат, затоа што Собранието не се распушти и избори нема да има на 24 април.

prateniciПред да почне гласањето, координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски рече дека тие нема да гласаат за измена на Одлуката за распуштање бидејќи и никогаш и не гласаа таа да биде донесена.

„Ова е голем срам за Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски четири дена бегаше и не се соочи со вистината. Без прочистен избирачки список и слободни медиуми не може да има фер, слободни и демократски избори“, рече Сугаревски

На ова имаше жестоки реакции од пратениците од владејачкото мнозинство.

„Единствен срам за политичар е да бега од избори. На 5-ти јуни со вас или без вас народот ќе излезе да гласа. Да си побарате пријатели по белиот свет зашто во Македонија повеќе ги немате“, одговори координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Со измените на изборниот законик се предвидува и одложување на одлуката за датумот за забрането платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и кај Интернет порталите во периодот од 27 декември 2015 до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Се предвидува и одложување и на периодот од 20 декември 2015, па се менува во 27 февруари 2016, кога радиодифузерите и другите медиуми нема да смеат да емитуваат и објавуваат реклами финансирани од буџетот на РМ, од буџетите на општините и на Градот Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top