Бејли: „Не се исполнети условите за кредибилни избори во април“

Партиските лидери Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, како и премиерот Емил Димитриев ги добија вечерва оценките на ЕУ и САД во однос на досегашното спроведување на договорот и Пржино и датумот за изборите. Нивната проценка за однесуваше на она што е реализирано до денеска.

bejli

bjliПартиските лидери Груевски, Заев, Ахмети и Тачи, како и премиерот Емил Димитриев ги добија вечерва оценките на ЕУ и САД во однос на досегашното спроведување на договорот и Пржино и датумот за изборите. Нивната проценка за однесуваше на она што е реализирано до денеска.

„Во оваа фаза не се исполнети потребните услови за организирање кредибилни избори на 24 април, иако е постигнат определен напредок“, рече Џес Бејли, Амбасадор на САД.

Главните забелешки на Брисле и Вашингтон е тоа што сè уште не е постигнат договор за медиумите, а имало информации за заплашување на гласачи и други лица.

„Ако изборите не може да се одржат на предвидениот датум, тогаш се очекува политичките партии да работат и да ги преземат мерки за да се овозможи да се одржат кредибилни избори на најблискиот можен датум и со целосно почитување на надлежностите и тековните подготвителни работи на ДИК. Партиските лидери го споменаа 5 јуни како можна алтернатива“, додаде Бејли.

ЕУ и САД ги повикаа сите партии и институции да се држат до Договорот од Пржино, како и до сите досегашни чекори кои беа преземени во негови рамки. А, по изјавата на Бејли реагираа од партијата на Заев. СДСМ соопшти дека меѓународната заедница денеска го потврдила она што тие го говореле цело време, односно дека на закажаниот датум нема услови за фер избори.

СДСМ:
„Оценката на Европската унија и САД дека во овој момент потребните услови за организирање на кредибилни избори на 24 ти април не се исполнети и констатацијата дека сè уште не е постигнат договор за реформи на медиумите е директна потврда на она што граѓаните веќе го знаат.“

Според СДСМ, граѓаните сега со право очекуваат навреме да се прочисти Избирачкиот список и да се регулираат медиумите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top