Партиските преговори за медиумските реформи завршија без договор.
Партиските преговори за медиумските реформи завршија без договор.
Ова го изјави синоќа белгискиот експерт Питер Ванхауте пред Клубот на пратениците каде два дена се одржуваа интензивни преговори.
На новинарско прашање кој ја сноси одговрноста за неуспехот на преговорите Ванхауте рече дека сите претставници на политичките партии се подеднакво одговрни.
Утре нема да има преговори за реформите во медиумите, туку се очекува да биде објавена оценката на ЕУ и САД за подготвеноста на замјата за организирање на избори.
Главно копјата вечерва се кршеа околу составот на советот на Агецијата за медиуми. Се обидуваме да најдеме добри решенија за да бидат навистина независни, бидејќи тоа е многу важно за сите и за да може да функционира правилно, изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град