Уште еден данок за Македонците?

Граѓаните консумираат храна со многу повеќе масти за разлика од просекот во европските земји, покажуваат последните податоци од студијата за исхрана во Македонија.

todorov

Граѓаните консумираат храна со многу повеќе масти за разлика од просекот во европските земји, покажуваат последните податоци од студијата за исхрана во Македонија.

Ова го потврди и министерот за здравство Никола Тодоров. Тој не ја отфрли можноста од воведување на т.н „Данок на маснотии “ на производите чија нутритивна вредност е над дозволената граница.

debel„Студијата покажа дека во РМ граѓаните конзумираат храна со повеќе масти, за разлика од граѓаните во останатите европски земји. Истото се однесува и за сол и за шеќери. Студијата покажа дека над 80 проценти од граѓаните во Македонија имаат физичка активност далеку од потребната .Кога ќе се земаат сите параметри во предвид имаме обврска ова прашање да го дигнеме високо во јавноста. Тоа е тренд во Европа но треба да имаме широка дебата не е ова одлука дека треба да се воведе вакво нешто.“, изјави Тодоров.

Мерката, како што рече Тодоров, не може да се спроведе без широка дебата во која би биле опфатени сите чинители. Истата како што рече Тодоров ќе се спроведе со цел да се превенира да се намали бројот на заболувања поврзани со дебелината. Владата веќе одреден период спроведува медиумска кампања за здрава храна.

„Треба да отвориме дебата за тоа дали е потребно да се воведат вакви дополнителни давачки на овие типови на храна за тоа треба да се направи многу широка дебата која ќе се направи во наредниот период но тоа треба да биде дебата со сите чинители во општеството.“, изјави Тодоров.
На прашањето кога ќе им се стави крај на маките на пациентите кои се жалат на лошите болнички услови и слаба храна во одделни градови, Тодоров истакна дека ресорното министерство се залага сите болници да ги имаат потребните услови за работа.

dete„Генерално ние се трудиме во сите болници во државата да ги има сите потребни услови за функционирање. Таму имаме поставено директори, менаџери кои што се должни да ги исполнуваат тие услови. Доколку има определени проблеми ние веднаш реагираме без разлика дали тоа ќе биде преземање на мерки против менаџерскиот тим во установата или ако се објективни пречки тогаш заедно со менаџерскиот тим да најдеме начин тие да се поправат.“, изјави Тодоров.

Тодоров денеска беше во посета на Поликлиниката Ѓорче Петров, каде како што беше потенцирано од негова страна, за прв пат во историјата на Здравствен дом Скопје, се набавил и се ставил во функција нов ЕМГ апарат од областа на неврологијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top