Во сезоната 2014/15, која е обработена од консултантската куќа Delotte, продолжи растот на приходи на 20 најбогати клубови, а со новите 8% на раст тие ги достигнаа рекордните 6,6 милијарди евра.
11 години по ред, без оглед на изостанок на трофеи, Реал е на врвот, а Барселона го престигна Манчестер Јунајтед и сега е на второ место по приходи. Баерн Минхен падна на петтото место и тоа му е најлош пласман од 2006/07 година.
Помалку чуди тоа што во топ 20 се наоѓаат девет англиски клубови, чии приходи се три милијарди евра, а повеќето од половина од нив, меѓу првите 30 се англиски.
Реал минатата сезона имал приходи од 577 милиони евра, од што најмногу комерцијални, кои се за 22,7 милиони повисоки од претходната година, додека приходите од денот на натпреварот (влезници, сувенири…) пораснале за 9,1 милион евра. Но, приходите од ТВ правата се намалиле за 4,3 милиони евра.
“Прв пат првите три клуба ја преминаа границата од 500 милиони евра приход! Реал повторно го предводи друштвото, а планираната обнова на стадионот ќе им овозможи зголемување на растот на заработка од денот на натпреварот”, вели Dan Jones, партнер во Sports Business групата во Deloittе.
Успесите на Барселона на теренот ги преточија во финансиски успех. Европскиот првак се искачи на второто место, а приходите се зголемуваа на сите страни.
Манчестер Јунајтед остана англискиот клуб кој прави најголеми приходи со 519,5 милиони евра, додека Челзи падна за едно место и сега е осми, Арсенал се искачи на седмото место, Манчестер Сити е шести а Ливерпул деветти.
“И покрај малиот пад, Манчестер Јунајтед останува во топ три поради успешниот модел на работење. Враќањето во Лигата на шампиони, како и бројните спонзорства само ќе го засилат нивното место во 2015/16 и не треба да зачуди идната година да завршат на врвот според приходите, бидејќи им се предвидува дека оваа сезона ќе ја завршат со 650 милиони евра приход”, тврди Tim Bridge, менаџер во Deloittе.
Баерн од трето место падна на петто бидејќи го престигна ПСЖ, единствен француски клуб во топ 20, откако ја заврши сезоната со 480,8 милиони евра приход. И покрај успешната сезона во Лигата на шампиони на Јувентус и Рома и скокот од 24 на 16 местона Јувентус, е разочарувачка година за Италијаните. Интер и Милан паднаа за две места, а Интер за малку испадна и од топ 20, прв пат во историјата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град