Домаќинот на ЕП е следниот противник на Македонија

На големите натпреварувања Македонија два пати ја добиваше Полска

 |  инфодеск  | 

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за противник ќе го има домаќинот селекцијата на Полска.

Полјаците, кои важеа за фаворити во дуелот против Србија, не прикажаа којзнае каква игра во првото коло, па мечот го добија минимално со еден гол разлика, a за разлика од домаќините, нашите ракометари одиграа одлични педесетина минути против олимпискиот, светски и европски шампион Франција.

“Не очекува тежок натпревар со домаќинот кој имаше тешко отворање со Србија. Очекувам ние да го повториме пристапот и ангажираноста како против Франција, да имаме и поволен резултат, да освоиме бод или два и да одиме со полна сила и најдобриот состав што го имаме”, изјави селекторот на нашата репрезентација, Ивица Обрван.
На големите натпреварувања Македонија два пати ја добиваше Полска. Во 2009 година во Вараждин на СП во Хрватска, црвено-жолтите ја совлада Полска со 30-29 и три години подоцна на ЕП во Србија, во меч од втората рунда, Македонија славеше со 27-25.
Денешниот дуел во Краков меѓу Македонија и Полска ќе започне во 20.30, а претходно во првиот меч од 2. коло на А групата од 18.15 часот ќе играат Србија и Франција.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top