Во лавината во француските Алпи во средата најмалку три лица загинале, од кои две се деца кои биле во групата ученици која скијала со својот професор, соопштија властите.
Во лавината во француските Алпи во средата најмалку три лица загинале, од кои две се деца кои биле во групата ученици која скијала со својот професор, соопштија властите.
Покрај споменатите двајца ученици, од кои едниот починал во болница од повредите, во лавината која се урнала на скијачките терени кај Ле-Дуз-Алп, загинал и украински државјанин кој не бил член на училишната екипа.
Тешко се повредени уште тројца скијачи кои се пронајдени од спасувачките екипи, две деца на кои им затаиле срцето и белите дробови, и професорот кој ги водел, со повеќекратните повреди. Неговиот живот не е во опасност.
Лавината во средата попладнето се урнала врз група до десет ученици од Лион кои со професорот скијале на нелегална патека, која била затворена од почетокот на сезоната.
„Начелно ги пронајдовме сите од училишната група, но потрагата продолжува за да бидеме сигурни дека нема жртви надвор од оваа група“, изјавил за AFP префектот на Изер, Жан-Пол-Бонетен, додавајќи дека ниеден ученик повеќе не се води како исчезнат.
По првиот голем снег оваа зима, кој падна на почетокот од јануари, властите предупредуваат на големата опасност од лавини во француските Алпи. На почетокот од месецов четири лица загинаа во лавините, двајца литвански алпинист загинаа на 3-ти јануари во префектурата Горна Савоја, а два дена подоцна шпански и чешки скијач во Савоја.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град