Славко Упевче со изложба во Вевчани

Славко Упевче со изложба во Вевчани.

 |  Валентина Неловска  | 
упевче

upevceВо Вевчани се прават завршните подоготовки за одржување на утрешниот традиционален  карневал. Атмосферата во Вевчани започна да се загрева  сонастапите на музичките групи Слаткаристика, Сарс и Брас Брадарс. Покрај настапот на музичките групи манифестацијата се збогатува  и со две  изложби.  Гостите во Вевчани ќе може да погледнат две изложби икони на резбарот Александар Баткоски  и слики од охридскиот академски сликар Славко Упевче. Неговите уметнички дела  ќе бидат изложени во Вевчани една недела. Упевче по 3 децении повторно гостува со изложба по неговото прво претставување пред вевчанци во 1985 година.

упевче„ Се претставив со мотиви од овој убав амбиент, убав и податен за сликање со прекрасни бои, извори и луѓе. Бев фасциниран од фасадите кои ги прават на своите куќи познатите вевчански неимари  кои создаваат убави и креативни дела во Словенија, Хрватска, Црна Гора. Оваа изложба ја поделив на пола- пола, со мотиви од Вевчани и од Охрид. Јас сум охриѓанец и си го сакам градот, но наоѓам многу сличности во виртуозната  архитектурата и  во Охрид и во Вевчани“, напоменува Упевче.

Утревечер гостите во  Вевчани покрај уживањето во карневалската поворка од василичарите со маски ќе ја дочекаат Православна  Нова Година со настапот на македнските пејачи Перо Пејчиноски  и неповторливите Есма Реџепова и  Наум Петрески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top