ОУ „Кочо Рацин“ го одбележа патронатот 22 Декември.
„ Овој настан е хуманитарен и собраните средства ќе се донираат во две семејства – за лекување на еден поранешен ученик од ова училиште и за еден првоодделенец од подрачното училиште, кој неодамна имаше хируршки зафат“, вели Велјаноски.
Родителите, чии деца посетуваат настава во ОУ„Кочо Рацин“ напоменуваат дека секогаш се подготвени да помогнат онаму каде што е потребно. Најавуваат наскоро уште еден настан – ученички натпревар кој ќе има хуманитарна димензија.
„Вакви хумани акции треба да се одржуваат почесто, односно онолку колку што е потребно за да им се помогне на луѓето кои имаат потреба“, додава Крстев.
Инаку, училиштето кое го носи името на големиот македонски револуционер и поет Кочо Рацин постојано бележи успеси. Во периодот меѓу двата патронати учениците постигнале значајни области и се закитиле со награди, напоменува директорката на школото Соња Милеска. Милеска ги посочува и претстојните планови за подобрување на условите во училиштето.
„Како шлаг на оваа 2015 година меѓу двата патронати e највата за изградба на спортската сала, која треба да се случи во текот на идниот месец, а најавена е и санација на кровот, таваните и електричната мрежа во училиштето“, подвлекува Милеска.
ОУ „Кочо Рацин“ со централното и подрачното училиште брои 382 ученици, а за нивната едукација се грижат 43 наставници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град