Етичкиот одбор на ФИФА донесе одлука суспендираните претседатели на врвните организации на фудбалот во светот и Европа, Сеп Блатер и Мишел Платини, да бидат надвор од фудбалот осум години. Забраната стапува на сила веднаш.
Етичкиот одбор не го поддржа обвинението за корупција против Швајцарецот и Французот туку ФИФА ги смета за виновни за злоупотреба на службената положба, конфликт на интереси и нелојално водство. Платини е казнет и со парична казна од 80.000 швајцарски франци, додека Блатер доби помала парична казна од 50.000 франци.
Етичката комисија на ФИФА на 8-ми октомври ги суспендира Блатер и Платини на 90 дена поради сомневање за корупција, односно поради тоа што ФИФА во 2011 година уплатила два милиони франци на сметката од Платини за стручни совети во период од 1999 до 2002 година.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини одлучи да го бојкотира сослушувањето за корупција пред етичкиот одбор на ФИФА.
Платини до суспензијата беше главен кандидат за наследник на Блатер во ФИФА.
Блатер исто така беше суспендиран на 90 дена поради вмешаност во корупциски скандал во ФИФА кој ги опфаќа истрага во Швајцарија и САД. Блатер за време на истрагата се поистовети со претседател на држава и велеше дека него единствено може да го смени парламентот, мислејќи на конгресот на ФИФА кој собира 209 национални фудбалски сојузи од кои секој има по еден глас.
Суспензијата од осум години воедно значи и крај за фудбалот за Блатер кој е на чело од 1998 година, а бездруго пред суспензијата објави дека во февруари се повлекува од своето место.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град