Атанас Урумов, дипломиран политиколог од Гевгелија, Александар Чичаковски магистер по правни науки и Реџеп Прекопуца професор по албански јазик од Арачиново се тројцата експерти кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК, пренесува „Телма“.
Атанас Урумов, дипломиран политиколог од Гевгелија, Александар Чичаковски магистер по правни науки и Реџеп Прекопуца професор по албански јазик од Арачиново се тројцата експерти кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК, пренесува „Телма“.
По двоипол часовна средба во Клубот на пратеници партиските лидери си заминаа без да дадат изјави. Во заедничкото соопштение што го дистрибуираа побараа од Парламентот да ги финализира неопходните постапки што е можно побрзо со цел Комисијата да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори.
Меѓународниот експерт Питер Ван Хауте посочи дека од голема важност е посветноста на лидерите на партиите да најдат решение за ДИК .
Со изборот на тројцата експерти ќе се комплетира составот на ДИК. Од нивните редови ќе се бира претседател и потпретседател на комисијата. На предог на партиите во ДИК ќе членуваат и Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО- ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи ДУИ и Бедредин Ибрахими ДПА.Со новото законско решение Дик ќе има зголемени ингеренции, а ќе биде надлежна и за водење и ажурирање на Избирачкиот список.
На денешната лидерска средба партиите се договориле во текот на неделава да се интензивираат преговорите за реформите во медимите. Ќе се дискутира за Законот за медиуми, Агенцијата за аудио и аудивизуелни и медиумски услуги за МРТВ. Средбата се одвиваше под силен меѓународен притисок во присуство на Евроамбасадорот Орав и Американскиот амбасадор Бејли. Медиумите неколку часа на ниски температури стоеја пред Клубот на пратеници а партиите не вложија напори да овозможат елементарни услови за вршење на новинарската професија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град