Викендов во Сплит, Хрватска, се одржа престижниот боречки настан во професионални борби „Фајт најт 1“на кој учесниците ги покажаа своите знаења во мешани боречки вештини и кик бокс.
Викендов во Сплит, Хрватска, се одржа престижниот боречки настан во професионални борби „Фајт најт 1“на кој учесниците ги покажаа своите знаења во мешани боречки вештини и кик бокс.
На настанот се претставија и двајца охриѓани, во делот на кик бокс програмата. Марјан Ангелески и Никола Ангелески од „Фајт клуб Мастер“ од Охрид во конкуренција од учесници од земји како Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Германија и Австрија, се претставија со борби по кои ќе бидат запаметени.
Никола Анеглески, загуби од хрватот Лука Томиќ, додека, Марјан Ангелески, беше оштетен од контроверзната судска одлука за борбата против исто така домаќинот, Тони Чатиповиќ.
Марјан Ангелески во првата рунда со висок удар го сруши Чатиповиќ и ефикасно ги користеше на различните ножни техники, но во следните две рунди неправедно беше казнет со одземање на поени за држење,изјави тенерот на браќата Ангелески, Сашо Поповски.
Инаку овој престижен спортски настан беше во организација на Северноамериканската серија на борби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град