Груевски, Ставревски, Протуѓер, Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски по овој редослед треба да се појават пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
Груевски, Ставревски, Протуѓер, Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски по овој редослед треба да се појават пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Претседателот на Комисијата, Петре Шилегов, самиот го составил редоследот, откако никој од предложените сведоци не се одзвал на јавниот повик што тој им го упати пред четири ден, пренесува „Телма“.
Шилегов потенцира дека се обидел да контактира и со пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму добил само усно известување дека премиерот Груевски има намера да сведочи на 14 декември, а министерот Ставревски, наредниот ден, но официјално и архивски заверено писмено известување, нема. Шилегов смета дека карактерот на оваа комисија е итен и дека повиканите треба да направат напор да дојдат и да ги откажат другите обврски.
По барање на ВМРО ДПМНЕ, овие шест сведоци ќе бидат сослушани на затворена седница на Анкетната комисија. Потоа, сите пратенички групи можат да предложат нови. Паралелно, Комисијата планира да ги посети УБК, Агенцијата за разузнавање, телефонските оператори и други институции. До 29 јануари треба да презентира Извештај во кој ќе ја утврди хронологијата на случувањата, политичката одговорност произлезена од содржината на прислушуваните разговори и препораките, за да не се повтори ваков скандал.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град