Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант и официјално објави дека се простува од кошарката на крајот од оваа НБА сезона.
Коби Брајант одлучи да ја спушти завесата на својата богата кариера. По 20 незаборавни години, замавна со бело знаме и официјално најави одење во пензија на крајот од сезоната.
Оваа сезона е сè што можам да дадам”, напишал Брајант во песната со наслов “Мила кошарко”, со која на единствен начин се прости од она што најмногу го сакал. Неговиот последен натпревар ќе биде на 13 април во својата арена против Јута Џез.
“Моето срце и ум ми говорат дека можам, но моето тело знае дека дошло времето за збогум. И, тоа е во ред. Спремен сум да те пуштам”, рекла легендата на Лејкерси.
Брајант во кариерата освои пет НБА наслови, 17 пати играше во Ол Стар и беше МВП во 2007/2008. Во целата кариера играше само за еден клуб, Лос Анѓелес Лејкерс. Се простува како најдобар стрелец на клубот во својата историја, како најмлад играч кој постигнал 30.000 кошеви во НБА и трет стрелец на сите времиња зад Џабар и Малоун. Исто така, има две олимписки злата.
“Сите сме тажни. Оваа ера на Лејкерси беше една од најзабавните и највозбудливите кои можеме да ги замислиме. Му даваме поддршка, но сеуште сме тажни”, изјави претседателката на Лејкерси, Џени Бас.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град