Овој четврток натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Бриж и Наполи ќе се игра без присуство на гледачи.
Одлуката ја донел градоначалникот на Бриж, Renaat Landuyt, а Клуб Бриж на својата официјална страница објави дека не може да гарантира безбедност на овој натпревар со оглед на тоа дека локалната полиција е преоптеретена, а сојузната полиција е распоредена во Брисел поради безбедносните мерки во земјата.
Белгија моментално е во центарот на истрагата за терористичките напади изведени во Париз, бидејќи најмалку двајца од бомбашите живееле во таа земја.
Брисел е под максимални безбедносни мерки што значи дека заканите од напади се неминовни, додека остатокот на Белгија е под силни мерки за безбедност кои значат дека терористички напад е можен и е реална закана.
Така, Клуб Бриж наместо очекувани 20 илјади навивачи, победата против Наполи ќе ја бара пред неколку десетици припадници на обезбедувањето. Белгијанците сеуште се во игра за поминување на групата и за второто место се борат со данскиот првак Митиланд, додека Наполи веќе обезбеди понатамошен пласман како прв во групата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град