Од специјалното обвинителство се обратија со соопштение во кое во последниот пасус се наведува дека предметите за „бомбите“ се анализираат откако добиле известување од државното обвинителство.
Од специјалното обвинителство се обратија со соопштение во кое во последниот пасус се наведува дека предметите за „бомбите“ се анализираат откако добиле известување од државното обвинителство.
– Потврдуваме дека од нивна страна (од државното обвинителство) доставен е одговор и во овој момент ги анализираме доставените податоци со цел да утврдуваме кој од предметите има приоритет и веднаш треба да се превземе. За сите детали околу преземањето на предметите дополнително ќе бидете известени на 26.11.2015 година (четврток), Соопштение на специјалното обвинителство.
Во наредните 3 дена ќе се анализира, кој функционер чиј глас се слуша во прислушуваните разговори ќе биде распрашуван од тимот на специјалното обвинителство за да се утврди што е вистина во содржината на бомбите за можни злоупотреби на власта. Познато е дека меѓу случаите кои се предадени се изборни измами, закани, корупциски скандали за градежно земјиште, набавки и изградба на автопат со кинески кредити. Во денешното соопштение се наведува дека засега официјалната адреса на специјалното обвинителство е Димитрие Чупоски број 9 односно Министерството за правда. Цели два месеци по изборот Јанева се уште нема свое седиште.
Специјалното откри дека привремено изнајмило простории под закуп- тоа е вториот кат на деловната зграда пред студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу. И таму имало подготовки на просториите, потврдија вработени во зградата. До четврток кога Јанева повторно ќе се појави во јавноста, специјалното обвинителство комуницира преку својот фејсбук профил- на кој покрај соопштенијата, се поставени две фотографии, статуа со Јустиција од судот во Франкфурт и бескрајно небо со светлост во заднина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град