Нови потреси во Реал Мадрид

Роналдо барал состанок и додатно ги зголемил конфликтите во клубот

 |  инфодеск  | 

Потполно се разгоре пожарот кој го зафати односот помеѓу играчите и Рафаел Бенитез. El Confidencial пишува дека пред поразот во Севиљa, Кристиано Роналдо барал состанок со претседателот на клубот Флорентино Перез и притоа наводно му рекол дека Реал со овој тренер нема да освои ништо.

Шпанските медиуми го пренесоа пишувањето на El Confidencial кој исто така тврди дека односот помеѓу Роналдо и Перез по состанокот е значително нарушен. Се сеќаваме на реакцијата на Роналдо на прозивките на Перез околу наводните желби за заминување од Реал, а кај сопственикот на клубот имало и зголемена нервоза кога Португалецот срдечно се поздрави со тренерот и сопственикот на ПСЖ по натпреварот во Лигата на шампиони.

Перез, тврди истиот извор, е многу лут на својата најголема ѕвезда на кој никој од клубот не му дошол на премиерата на документарниот филм во Лондон. Обично Роналдо беше тој  кој се навредуваше за недостаток на внимание, а сега тоа е Перез, кој наводно им рекол на своите први соработници дека е спремен да го пушти Роналдо ако некој одлучи да ја плати клаузулата за отштета.

Премногу се пишуваше за можното заминување на Роналдо во шпанските медиуми и поради тоа многумина се уверени дека, доколку Реал не успее да дојде до насловот, сигурно ќе дојде до разделба помеѓу Реал и Роналдо.

Каде што има чад има и оган, а во односите помеѓу Бенитез и Роналдо оганот е разгорен веќе подолг период.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top