Тесна победа на HDZ

Коалицијата на ХДЗ однесе тесна победа на изборите во Хрватска. Според 90 насто од обработените резултати, коалицијата предводена од Kарамарко доби 59 места во хрватскиот Сабор, додека досегашниот социјалдемократ и премиер Милановиќ со коалицијата „Хрватска расте“, освои 56 мандати. Клучна улога ќе има независната Мост, која пред изборите се одвои од ХДЗ, и која освои 19 мандати.

 |  Голабовски Крсте  | 
izbori

Коалицијата на ХДЗ однесе тесна победа на изборите во Хрватска. Според 90 насто од обработените резултати, коалицијата предводена од Kарамарко доби 59 места во хрватскиот Сабор, додека досегашниот социјалдемократ и премиер Милановиќ со коалицијата „Хрватска расте“, освои 56 мандати. Клучна улога ќе има независната Мост, која пред изборите се одвои од ХДЗ, и која освои 19 мандати.

izbori„Tатковинската коалиција“, предводена од хрватската демократска заедница (ХДЗ) со освоени 59 пратенички места по 99 насто преброени гласови е победник на парламентарните избори во Хрватска што се одржаа вчера.

Коалицијата „Хрватска расте“ пак, предводена од владејачката социјалдемократска партија освои 56 пратенички мандати. На трето место се најде независната листа Мост со 19 мандати.

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, по полноќ, и се обрати на хрватската јавност. Им честиташе на граѓаните кои, како што рече, покажале дека Хрватска е зрела држава и ги повика сите во разговорите над партиските интереси да ги стават интересите на хрватска. По објавјавувањето на резултатот обраќање имаше  и томислав карамарко.

„Кој сака, кој е подготвен за подобрување на нашата програма и да се бори со нас за квалитетен живот во Хрватска е добредојден. Тоа нема врска со коалиција туку со добра волја, врски и љубов кон нашата татковина, драги пријатели“, изјави Томислав Карамарко, лидер на ХДЗ.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ ги повика колегите од Мост заедно да ги направат реформите.

izbori„Сами не можеме. Потребни ни се партнери и изборите го докажаа тоа. Ги повикувам сите кои сакаат реформи, кои умно дозирано и интелигентно ќе ја доведат Хрватска до онаму каде што и е местото, меѓу европските убавици, да ни се придружат некако лидери, туку како партнери“, рече Зоран Милановиќ, лидер на СДП.

Новата влада во загреб ќе треба да се справи со економското закрепнување на земјата по шест години  рецесија и со илјадниците мигранти од Блискиот Исток кои поминуваат постојано во малата јадранска држава на пат кон западна и северна Европа.

Конзервативната „Родољубива коалиција“, предводена од опозициската Хрватска демократска заедница, има цврст став по прашањето за мигрантите спрема својот главен ривал – владејачката Социјалдемократска партија. Бара построга гранична контрола за управување на миграцискиот проток во земјата со население од 4,4 милиони жители. Малку од нив се задржуваат во Хрватска – една од најсиромашните држави во Европа, каде што невработеноста е 16 отсто, додека просечната во ЕУ е 9 отсто.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top