Општина Охрид се вклучи во кампањата за борба против гладта

Општина Охрид се вклучи во кампањата за борба против гладта.

 |  Валентина Неловска  | 
bakraceski

Охридскиот градоначалник и директорите на јавните претпријатија се вклучија во кампањата на охридскиот Црвен крст во  Денот и Неделата за Борба против гладта. Купуваа прехранбени артикли наменети за сограѓаните од ранливата категорија. Градоначалникот Бакрачески кажа дека Локалната самоуправа во својата годишна програма ги поддржува сите хумани активности на ЦК, стипендира талентирани студенти и ученици, издвојува еднократна парична помош за секое новороденче, субвеницонира дел од комуналните сметки  на граѓаните.

   
гладта„ На некој начин ги изразуваме нашите морални и етички принципи кои треба да ги красат граѓаните. Ги повикувам охриѓани, компаниите и бизнис заедницата во рамките  на своите можности да ја покажат својата солидарност и хуманост. Општина Охрид, покрај симболичното вклучување во акцијата со купување на прехранбени артикли на која се приклучија и директорите на ЈП, учествува и со  донирање на 60 пакети кој според стандардите на ЦК се доволни и за едномесечна прехрана на четворочлено семејство“, истакна Бакрачески.  

Во кампањата на ЦК под мотото „Помислeте  и на нас “  во рамките на 16 Октомври на Денот за борба против гладта  ќе се собираат хуманитарни пакети  со прехранбени артикли. Во повеќе охридски маркети во следните 7 дена до 22 октомври колку што ќе  трае кампањаНеделата за борба против гладта граѓаните ќе може да се вклучуваат и да ја покажат својата хуманост. Тие пакети ќе бидат наменети  за социјално загрозените семејства , напоменува Сашо Точков претседателот на  на ОО ЦК.

„ Преку цела година ги опслужуваме овие семејства. Во евиденцијата  имаме преку 500 семејства кои имаат проблеми со прехраната и се на работ на егзистенцијата. Гледаме да им излеземе во пресрет и добро е што има хумани луѓе кои помагаат“, истакна Точков.

Претседателот на ОО ЦК Сашо Точков изрази благодарност до  сите  хумани поединци и организации кои даваат поддршка на акцијата и на Денот за борба против гладта. Се е поголем бројот на општествено одгворните фирми и поединци кои покажуваат солидарност кон ранливите категории сограѓани истакна Точков. 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top