Љубителите на семата уметност утре 2-ри октомври во Центарoт за култура „Григор Прличев“ во Охрид, повторно ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија.
Љубителите на семата уметност утре 2-ри октомври во Центарoт за култура „Григор Прличев“ во Охрид, повторно ќе имаат можност да погледнат три кино проекции во 3Д технологија.
Филмовите ќе се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје, кој по петти пат гостуваат во Охрид.
Во 17 часот, за најмладите ќе се прикажува 3Д филмот „Смотанко и Трапавко: Невозможна мисијa“ кој е синхронизиран на македонски.
Во 19 часот љубителите на научната фантастика ќе уживаат во второто продолжение на филмот „Лавиринт: Бегство низ Пустошот“, додека во 21:15 часот ќе биде прикажана 3Д проекцијата на уште едно научно-фантастично остварување, филмот „Марсовец Спасувачка Мисија“.
Цената на билетот за 3Д кино прекциите чини 200 денари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град