Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес е победник за Големата награда на Јапонија возена рано наутро на патеката Сузука.
Тоа беше 41-ва победа во кариерата на Хамилтон со која се израмни со легендарниот Бразилец Аиртон Сена.
“Многу ми значи тоа што со својот идол од дете го израмнив резултатот токму овде во Сузука, каде Аиртон беше толку многу пати во историски двобои”, рекол Хамилтон во интервју на победничкиот пиедестал по својата трета победа во Сузука.
Хамилтон водеше од стартот до целта и убедливо стигна до победата со која во вкупниот редослед ја зголеми предноста на 48 поени во однос на клупскиот колега Нико Розберг. Розберг стартуваше во трката од првата позиција, но Хамилтон веднаш на почетокот изби пред Германецот кој пак падна на четвртото место. Но, Розберг успеа да се пробие до второто место и пет трки пред крајот ги задржа теоретските шанси за освојување на титулата.
“Ќе беше добро да победев денес, но сеуште не се откажувам од борбата”, изјави Розберг.
Зад двата Мерцедеси завршија двата болида на Ферари. Германецот Себастијан Фетел беше трет, а Финецот Кими Раиконен четврти.
Фетел со 42 победи е следниот на вечната листа кој е пред Хамилтон и прилично е изгледно дека Британецот ќе го престигне Фетел во оваа сезона. Оние кои нема да може да ги престигне во оваа сезона се Французинот Алан Прост со 51 победа и Германецот Михаел Шумахер кој е далеку пред сите со 91 победа во Формула1.
Следната трка на Светското првенство во Формула1 на распоредот е на 11-ти ноември, а возачите ќе се борат за Големата награда на Русија во Сочи.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град