Се шири “пожарот” во ФИФА

Сменет е генералниот секретар по итна постапка

 |  инфодеск  | 

Генералниот секретар ма меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Jerome Valcke е разрешен од должноста по итна постапка, објави врвот на светската организација во фудбал која по се изгледа ќе ја тресат нови скандали.

ФИФА веќе и порано е под обвинение за корупција на швајцарското и американското правосудство, а по сѐ изгледа и Valcke е под истрага за криминални дејанија.

Барањето за негова смена ја покренала Етичката комисија на ФИФА.

Французинот Jerome Valcke (54) должноста на генерален секретар ја превзеде во 2007 година, а пред тоа беше новинар и директор на маркетинг во ФИФА.

Медиумите го поврзуваат со исплата од 10 милиони долари мито на екс потпретседателот Jack Warner во аферата околу организацијата за домаќин на Светското првенство во 2010 во Јужна Африка.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top