Војна против голем мексикански нарко картел

Повеќе од 750 членови на мексиканси нарко картел биле уапсени во операција на полицијата во САД, Мексико и Канада, која траела 21 месец.

 |  Крсте Голабовски  | 
dileri
дилери

Повеќе од 750 членови на мексиканси нарко картел биле уапсени во операција на полицијата во САД, Мексико и Канада.

Американското Министерство за правда соопшти дека е му е нанесен „уништувачки удар“ на 35 години постоечкиот нарко картел Синелоа, кој се нарекувал и „Федерацијата“, и е еден од најголемите во Мексико.

Во операциите во Калифорнија, Минесота и Мериленд вчера биле уапсени повеќе од 50 лица. Тие се обвинети за шверц и распространување на дрога, како и за перење пари.

narkodileri„Организациите за меѓународен шверц на дрога се трајна и сериозна закана за меѓународната и националната безбедност“, истакна на прес-конференција американскиот министер за правда Ерик Холдар.

Во операцијата, која почна пред 21 месец, се извршени повеќе од 750 апсења, разбиени се повеќе од 70 мрежи за распространување на дрога во САД, одземени се над 160 парчиња оружје, конфискувани се 12.000 килограми кокаин, 544 килограми метамфератимин, 1,3 милиони таблетки „екстази“ и 59 милиони долари.

Минатогодишните акции против нарко мафиите во Мексико довеле до драматична појава на насилства, убиства и киднапирања, посебно долж границата со САД.
Холдер призна дека многу луѓе го жртвувале својот живот во борбите со харкодилерите, но изрази увереност дека цврстото спротивставување на бандите ќе доведе до мир во регионот.
„Едноставно не можеме да се откажеме. Овие банди ќе бидат уништени“, истакна американскиот министер за правда.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top