Воен бунт во Бангладеш

Најмалку едно лице е убиено, а осум други се ранети денеска, кога група незадоволни припадници на граничните сили на Бангладеш, отвориле оган од кругот на касарната каде е сместена командата на овој род на бангладешката Армија.

 |  Крсте Голабовски  | 
немири
nemiri

Најмалку едно лице е убиено, а осум други се ранети денеска, кога група незадоволни припадници на граничните сили на Бангладеш, отвориле оган од кругот на касарната каде е сместена командата на овој род на бангладешката Армија.

По престрелката во касарната, побунетите граничари, го заземале соседниот трговски центар, извикувајќи пароли со барања за повисоки плати.

nemiriПретставник на војниците изјави дека тие се решиле на ваков потег незадолни од ниските плати.
Бангладешката Влада и нареди на Армијата веднаш да го задуши бунтот на граничарите и да ги принуди да се вратат во касарната, во чија околина има неколку трговски центри и училишта.
Премиерот Шеих Хасина Вазед ги повика побунетите војници да го положат оружјето и да се вратат во касарната, нагласувајќи дека е подготвена да разговара со нив за зголемување на платите.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top