Некогаш фабрика за играчи а денес сосема нешто друго

Дали се распаѓа “La Masia”?

 |  инфодеск  | 

Кога во ноември 2012 починатиот Тито Виланова во игра го внесе Мартин Монтоја на местото на Дани Алвес се смета за историски момент за каталонскиот клуб Барселона. Во тој момент Барселона на теренот ги имаше сите 11 играчи кои потекнуваат од нејзината школа La Masia. Валдез, Пујол, Пике, Алба, Чави, Бускетс, Иниеста, Педро, Меси и Фабрегас беа играчите кој во тој момент беа на теренот.

Помалку од три години потоа работите драстично се променија. Продажбата на Педро во Челзи е само потврда на егзодусот на играчи од домашната работилница. Во сезоната 2013/14 Барселона во првиот тим имаше 17 играчи од сопствениот погон, од кои осум беа стандардни првотимци. Денес во првиот тим има 11 и само пет се стандардни.

Нешто се случува со La Masia. Многу се дебатираше за работата во младинската школа на Барселона во последните сезони, а причината е јасна. Веќе подолг период La Masia не исфрлила ниту еден играч со приближни квалитети како што се Меси, Чави, Иниеста, Пујол или Пике.

Откако на чело на Барселона е Хозе Мариа Бартомеу клубот продава повеќе играчи отколку порано. Само во последните две сезони Барселона заработила 90 милиони евра на играчи од сопствениот погон, а ги продаде: Фабрегас, Бојан, дос Сантос, Тељо, Делофеј, Адам и сега Педро.

Исто така и иднината на La Masia не е блескава. Имено ФИФА често тропа на вратата на каталонскиот тим и бара неправилности во работењето со младите категории кои во клубот доаѓаат како деца. Клубот пред само неколку дена во соопштение за јавност открил дека мора да го раскине договорот со неколку млади играчи за да не ги крши правилата на ФИФА.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top