Лигата на шампиони сѐ поблизу и во Казахстан

Манчестер јунајтед со пресврт за мирен возврат

 |  инфодеск  | 

Првакот на Казахстан, Астана, го победи кипарски Апоел со 1-0, а единствениот гол го постигна Бурзан Ѕолчиев во 14 минута. Имено, Астана е најголемиот хит во квалификациите – ги елиминираа фаворизираните Марибор и Хелсинки, а сега ги делат уште 90 минути до тотална сензација.
Со идентичен резултат заврши и натпреварот Бате Борисов – Партизан, со тоа што на Белорусите им требаше многу подолго да го постигнат единствениот гол на Михаил Гордејчук во 75 минута, а Партизан целото второ полувреме го играше со играч помалку бидејќи црвен картон заработи Марко Јевтовиќ.
Манчестер Јунајтед го победи Бриж со 3-1 и тоа откако Олд Трафорд замолкна во осмата минута по водството на Бриж со автоголот на Мајкл Керик. Меѓутоа црвените го имаа својот расположен Мемфис Депај кој веќе во првото полувреме постигна два гола (13 и 43 минута). Резултатот не се менуваше до 94 минута кога Марун Фелаини на асистенција на Депај ги постави конечните 3-1.
Големата пресметка на Олимпико, Лацио – Баер Леверкузен, им припадна на домаќините на кој победата им ја донесе сенегалскиот напаѓач Балде Кејта.
Големи возбудувања имаше во Лисабон каде Спортинг забележа победа над ЦСКА со 2-1. Теофило Гутиерез во 12 минута донесе водство за домаќините, а кон средината на полувремето во 27 минута домашниот голман Руи Патрисио му одбрани пенал на Сејду Думбија. Сепак 13 минути подоцна Думбиа израмни, а во завршницата на двобојот, 82 минута, Ислам Силмани од работ на шеснаесетникот ја донесе предноста на Португалците воочи возвратниот натпревар во Москва.
Вторник:
Астана – Апоел 1-0
Бате Борисов – Партизан 1-0
Лацио – Баер Леверкузен 1-0
Манчестер Јунајтед – Бриж 3-1
Спортинг – ЦСКА 2-1
Среда:
Селтик – Малме
Базел – Макаби
Рапид – Шахтјор
Скендербеј – Динамо Загреб
Валенсија – Монако

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top