Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер во изјава за саботното издание на холандскиот весник Volkskrant рекол дека претседателот на УЕФА, Мишел Платини му се заканувал со затвор за да го одврати од кандидатурата за челната позиција на Меѓународниот фудбалски сојуз на изборите кои се одржаа во мај.
Изјавата наводно Платини му ја кажал на братот на Блатер во Цирих, неколку часа пред гласањето кое доведе до реизбор на Блатер за претседател на ФИФА. Сеп Блатер после тоа причека четири дена за да објави дека поднесува оставка и дека го става својот мандат на располагање, а истовремено американското обвинителство обвини десетина челни луѓе внатре во ФИФА поради корупција.
“За време на ручекот, Платини седна на масата кај мојот брат и му рече”: “Кажи му на Сеп да ја повлече својата кандидатура или во спротивно ќе оди во затвор”, изјавил Блатер за Volkskrant, додавајќи дека за целата работа дознал од својот брат неодамна.
Истовремено извор близок на Платини ги отфрлил овие изјави нарекувајќи ги “измислици”. “Се работи за последни обиди од Цирих да го одвлече вниманието на светот од вистинските проблеми со кои ФИФА е соочена”, рекол истиот извор, додавајќи дека “претседателот на УЕФА не сака ни да удостои со одговор на овие смешни тврдења”.
Платини официјалната кандидатура за претседател на ФИФА ја објави на 29 јули а изборите ќе се одржат во февруари идната година, а единствениот противкандидат засега му е Јужнокореанецот Чунг Монг-Јон.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град