Се случи “злосторство” во Рома

Што прави новото засилување на Рома со десетката?

 |  инфодеск  | 

Бразилецот Жерсон наводно го сакаа и Реал и Барселона, но тој ќе го носи дресот на Рома. Беше тоа голема вест за навивачите на римскиот клуб кои со воодушевување ги примија вестите за потписите на Бразилецот и Един Џеко. Но, набрзо ги стави во бунило фотографијата на која Жерсон се пофалил на Twitter.
Тој позирал со дресот на кој е неговото име, но има еден не баш така мал проблем. На дресот стоел бројот 10. Тоа е бројот кој долга низа на години е резервиран за иконата не само на Рома туку и во светскиот фудбал, Франческо Тоти.
Секако дека тоа веднаш е разбрано како голема навреда бидејќе сепак тоа е Рома, сепак тоа е Тоти. Но, за овој пропуст не е виновен Жерсон туку спортскиот директор Валтер Сабатини. Тој се обидел да ја изглади работата и вината да ја префрли на себе.
“Тој нема ништо со тоа. Покажете му малку почитување бидејќи не знае што точно ова значи. Беше горд што ја покажува десетката на Тоти бидејќи Тоти е една од најголемите работи што овој клуб може да му понуди на светот. Ние го сакаме Тоти. Го почитуваме и ако тој сака ќе биде со нас до крајот на животот”, порачал неубедливо Сабатини.
Дресот на Жерсон со бројот 10 за многумина “Романисти” е злосторство, но секако дека момчето не е виновно за тоа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top