Светот го тресе незапамтена афера со допинзи

Германската ARD и британски Sunday Times дошле до резултати од допинг контролите

 |  инфодеск  | 

Германската ТВ станица ARD и британски Sunday Times дошле до резултати на допинг контроли на 5.000 атлетичари и тврдат дека тестовите на дури една третина од освојувачи на медали се во најмала рака сомнителни.

Претседателот на меѓународната атлетска федерација порачал дека станува збор за обвинување без докази, но експертите за допинг афери не ги изненадило ова воопшто. Дури 55 златни медали од Светските првенства и Олимписките игри освоиле атлетичари чии резултати од допинг контролите биле позитивни или сомнителни! Ова го тврдат ARD и Sunday Times, кои сеуште на непознат начин стигнале до овие фрапантни резултати објавени помеѓу 2001 и 2012 година.

Lamine Diack, претседател на меѓународната атлетска федерација: “Ова се сериозни обвинувања, но без докази. Сеедно, ние ќе ги истражиме, бидејќи да се каже дека во тие 11 години атлетскиот свет не работел на допинг контроли како што треба, едноставно е смешно”.

Но, малкумина се смеат на тврдењето дека една третина од освојувачи на медали од најголемите глобални натпревари биле под влијание на допинг средства! Така наводно, 80% од освојувачите на руските медали имале сомнителни резултати на допинг контролите.

Thomas Bach, претседател на меѓународниот олимписки одбор: ”Моментално се водиме на претпоставки. Ние веќе спроведовме истрага во соработка со светската антидопинг агенција и за конкретните чекори мораме да ги причекаме резултатите од истрагата. Дотогаш мораме да ја почитуваме пресумпцијата на невиност на атлетичарите”.

А спрема тврдењата на ARD, зад целата афера стои токму меѓународната атлетска федерација која наводно овој скандал го криела од јавноста со години. Експертите не се изненадени имајќи во предвид дека фармацевтските компании се секогаш еден чекор понапред пред контролните тестови.

За среќа по атлетиката, резултатите на нејзината најголема ѕвезда, Usain Bolt, покажале дека се потполно чисти, а  ако по некоја случајност не беше така сега можеше да се каже дека кралицата на спортовите никогаш повеќе немаше да биде тоа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top