Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза работејќи заедно.
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека САД и Кина може да помогнат светот да се опорави од сегашната економска криза работејќи заедно.
За време на посетата на Кина, Клинтон изјави дека се надева оти на самитот на Г20 во Лондон во април ќе биде усвоен договор за протокот на капитал вон границите на одделни држави.
Таа додаде дека Вашингтон ја цени довербата на Пекинг во однос на задолженоста на американската Влада со оглед на тоа дека Кина има девизни резрви од два билиона долари и огромен суфицит во трговската размена со САД.
Посетата на Кина е последна „станица“ за време на азиската турнеја во која ги посети Јужна Кореја, Индонезија и Јапонија. Тоа е нејзино прво патување во странство во својство на државен секретар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град