Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, победи во трката за Големата награда на Унгарија и ја отствари својата прв победа на Хунгароринг.
Германскиот возач ја отствари својата 41 победа во кариерата и со тоа се изедначи со Аиртон Сена по бројот на триумфи во кариерата.
Второто место му припадна на Даниел Квајт од Ред Бул, отстварувајќи го својот прв пласман на подиумот во кариерата. Трет беше неговиот клупски колега Даниел Рикардо.
Четвртото место го завзеде Макс Верстапен од екипата на Торо Росо, петти беше Фернандо Алонсо од Мекларен, а актуелниот светски шампион Луис Хамилтон беше шести.
Воедно ова беше една од најнеизвесните и најинтересни трки сезонава со многу возбудувања, откажувања, претекнувања и инциденти без поголеми последици.
Во генералниот пласман останува првото место резервирано за Луис Хамилтон пред неговиот клупски колега Розберг и денешниот победник Фетел.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град