Извлечени групите за квалификации за СП 2018 во Русија

Македонија во група со два светски шампиони

 |  инфодеск  | 

Квалификациите кои ќе започнат на 4-ти септември 2016 година, Македонија ќе ги игра во Групата Г, во којашто ќе има пет противници. Македонските фудбалери ќе се спротистават на Шпанија, моментално 12-та на ФИФА ранкинг листата која беше светски шампион во 2010 година, а првпат ќе се соочи во квалификации со Италија, 17-та на ФИФА ранкингот, и носител на четири титули светски фудбалски шампион, од 1934, 1938, 1982 и 2006 година.
Oсобено интересни ќе бидат дуелите со Албанија со којашто првпат ќе се одмеруваат силите во квалификации за некое големо меѓународно натпреварување.
Распоредот и датумите на одигрување на натпреварите ќе бидат одредени подоцна.

Македонската репрезентација беше во петтиот, претпоследниот, квалитативен „барабан“ каде што беа селекциите на Кипар, Летонија, Ерменија, Финска, Белорусија, Азербејџан, Литванија и Молдавија

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top