Младите социјал демократи од Македонија добија поддршка од европските колеги.
Обуки со странски предавачи одржаа младите социјал демократи од Македонија. Целта е подготовка на младите за политичко делување во рамките на младите и партијата, вели претседателот на СДММ , Стефан Богоев. На обуките добиле поддршка од организациите во кои членуваат, а усвоиле и резолуција за поддршка на СДММ И СДСМ.
„Покажавме и докажавме дека на светот му е јасно дека во Македонија владее еден авторитарен режим, нешто што е недозволиво да се случи во срцето на Европа и Балканот. На сите им е јасно дека ова не е битка меѓу власта и опозицијата туку е битка на сите слободоумни граѓани против неколкумина во врвот на ВМРО ДПМНЕ“, кажа Богоев.
Меѓу македонските млади социјалдемократи беа и генералните секретари на двете организации Интернационалната унија на социјалдемократскиот подмладок и младите европски социјалисти.
Евин Инчер генерален секретар Интернационалната унија на социјалдемократскиот помладок истакна дека за жал присутни се тука во една кризна ситуација каде што има нарушување на демократијата и човековите права. Тука сме да покажаме не само солидарност туку и дека луѓето од Македонија не се сами. Се што се случува тука се одразува и наоколу. Заедно ќе се бориме во сопствените земји, во Европа и во светот да ги поддржиме во борбата за демократија и да се најде излез од ваквите околности, подвлече Инчер.
„Се надеваме дека во иднина ќе продлжиме да ја гледаме Македонија со разрешена ситуација и македонците да се соочат со демократија и слобода наместо пристисоци и авторитарен режим“, кажа Инчер
Истото гледиште го дели и Нина Живановиќ генералниот секретар на младите европски социјалисти. Важно е да се биде во Македонија со луѓето кои се борат за демократско општество нешто што треба да е нормална појава за демократското живеење во 21 век, напоменува Живановиќ. За жал тука се случија многу нешта, но младите социјал демократи покажуваат дека приоритет им е демократијата и имаат сила за да стигнат до целта. Таа додава и што е важно за нив во моментов.
„ Да се испрати порака дека ние сме тука и ќе направиме се што е потребно од идеја, поддршка и пренесување на пораката за се она што се случува во Македонија, не се знае во светот и опкружувањето многу за случувањата во земјата. Наша улога е да ги поддржиме нашите другари во нивната борба тука,“ посочи Живановиќ.
Обуката на СДММ се одржа со помош на неколку организации како што се Прогрес Институт за социјалдемократија и холандската фондација Макс Вандер Штул.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град