Перуанците супериорни во освојување на бронзата

Перу играчки го разби Парагвај во борбата за бронзениот медал

 |  инфодеск  | 

Перу пред четири години во Аргентина ја освои бронзената медаља откако во полуфиналето беше поразен од тогашниот првак на Копа Америка Уругвај, а потоа славеше против Венецуела. Овој пат ривал во натпреварот за третото место беше Парагвај, финалистот од Аргентина во 2011 година.

Перу беше подобар на теренот, но не успеа да го скрши противникот во првите 45 минути. Помалку од 180 секунди му беа потребни во продожението на натпреварот со фантастичниот удар од 16 метри, во пад, на Кариљо да го доведе Перу во заслужено водство.

Можеа Перуанците да го решат натпреварот потоа, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот на Парагвај. Но, точка на сѐ стави Гереро во претпоследната минута од натпреварот, по одлично изработената контра. Парагвај во потполност се отвори во тие моменти и беше прашање на време кога ќе биде постигнат победничкиот гол и конечните 2-0 за Перу.

Ова е шеста бронза за Перу во историјата на Копа Америка, а за златото, ноќта помеѓу сабота и недела, ќе се борат Аргентина и домаќинот Чиле.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top