Нова афера во Реал Мадрид

Роналдо и Рамос бесни, Модриќ поставил ултиматум

 |  инфодеск  | 

Сезона без освоен трофеј, што за Реал е рамно на дебакл, ги потенцираше бројните проблеми кои во текот на целата сезона се јавуваа во соблекувалната на кралскиот клуб.

По големата бура која се крена околу работата на лекарската служба на Реал и одлуката на претседателот Перез, и покрај негудувањата на најголемите ѕвезди, меѓу нив и Роналдо, да го остави на чело својот пријател др. Хесус Олмо, се појави нова афера во лекарскиот тим на Реал.

Имено, на адреста на Реал Мадрид и до најголемите шпански медиуми пристигнало протестно писмо на CFCM факултетот за професионални физиотерапеути на град Мадрид. Во писмото стои дека еден од физиотерапевтите на Реал нема потребна диплома за работа во професионалните шпански клубови.

Станува збор за Португалецот Витор Пименати, кој спрема сознанијата на CFCM има само два професинални курса од областа на физиотерапијата и физичка рехабилитација, и со тоа стручно образование не ги задоволува пропишаните услови за работа во клубовите од елитен ранг во шпанското првенство.

Секако дека е чудно клуб со таа величина да вработува човек без соодветна диплома во таков деликатен сегмент како што е лекарскиот тим, меѓутоа, приказната можеби не би добила толкав публицитет ако немаше низа на афери и скандали во последните неколку месеци на Сантијаго Бернабеу. Еден од многуте проблеми кои беа причина Реал да остане без трофеј беа токму многуте повреди и недовербата на најголемите ѕвезди спрема лекарскиот тим.

Шпанските медиуми шпекулираа дека токму др. Олмо е еден од главните причини за незадоволството на Роналдо и неговиот конфликт со Перез. Роналдо наводно побарал од Перез да го отпушти Олмо, а овој не само што не му ја исполнил желбата туку го отпуштил Педро Чуека, омилениот физиотерапевт на играчите на Реал. Првиот стопер на Реал, Серхио Рамос, бил најгневен за овој потег, и во таа прилика го обвинил Олмо за обновување на повредата на грбниот мускул. Од сето ова може да се заклучи дека и не е случајно што Рамос е пред напуштање на Сантијаго Бернабеу. Се чини дека за да го смири Роналдо, Перез го вработил Пимената како замена за Чуека.

Почетокот на оваа приказна е кога лекарскиот тим на Реал пред две сезони на Роналдо му дијагностицирал тендинитис во коленото, а всушност се работело за пукање на мускул. Роналдо бил бесен и одбил понатамошен третман во клубот. Од тој момент владее голема напнатост на релација играчи – лекарски тим што се преслика во случајот со повредата на Лука Модриќ и отворената критика на лекарскиот тим на хрватската репрезентација кон Карло Анчелоти (лекарскиот тим на Реал) за форсирањето на Лука Модриќ иако не бил спремен за најголеми напори. Наводно после тоа Модриќ поставил ултиматум за неговиот третман од страна на лекарскиот тим на Реал, а резултатот беше евидентен со заминување на Модриќ на третмани кај лекарскиот тим на Баерн Минхен.

Слични проблеми имал и Карим Бензема кој побарал заминување на третман во Лион, а големи полемики имало и околу третманите на повредите на Хамес Родригез.

Моменталната состојба во клубот во многу нешта наликува на онаа на крајот на “галактикоси”. Перез по бизарното отпуштање на Дел Боске почна да менува тренери и да купува играчи без логика. Уследи низа на лоши резултати, конфликти со некои од ѕвездите и на крај мораше да абдицира. Дали Перез извлекол поуки од тоа време ќе мора да се види во блиска иднина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top