Сите, освен навивачите на Парагвај, се надеваа на полуфинален меч помеѓу Аргентина и Бразил, меѓутоа репрезентацијата на Дунга не успеа без Нејмар да го прескокне незгодниот Парагвај. Иако добро стартуваше во натпреварот, Бразил за време на сите 90 минути беше поприлично блед, односно Парагвај беше подобар и заслужено избори полуфинале.
Да потсетиме дека најдобриот бразилски фудбалер Нејмар немаше право на настап бидејќи во 2 коло од групите заработи црвен картон поради дивјачко однесување и беше казнет со 4 натпревари неиграње.
Бразилците поведоа во 15 минута со голот на Робињо, но во 71 минута се случи уште една лоша судиска одлука која на крајот Бразил го чинеше елиминација. Ненамерното играње со рака на Тиаго Силва судијата го окарактеризира како пенал, кој во погодок го претвори Дерлис Гонзалес.
Промени до крајот немаше и се пристапи кон изведување на пенали. Во првата серија немаше грешки, но потоа на почетокот на втората Евертон Рибеиро го промаши голот. Парагвај беше прецизен и во следните две серии, а тогаш Даглас Коста промаши уште еднаш за Бразил, а Парагвај дојде до две меч топки. Првата не ја искористи искусниот Роке Санта Круз, по што Кутињо за кратко ги врати надежите. Меѓутоа последен изведувач кај Парагвај беше повторно Гонзалес, кој уште еднаш го надмудри Џеферсон на голот на Бразил и го испрати Парагвај во полуфинале на Копа Америка.
Првото полуфинале помеѓу домаќинот Чиле и Перу се игра во вторник, а второто полуфинале Аргентина – Парагвај еден ден подоцна.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град