Регуларниот дел на натпреварот, како и дополнителните 30 минути од продолженијата завршија без погодоци, иако Аргентина беше значително подобар противник на теренот. Двете најдобри прилики на натпреварот ги имаа Меси и Агуеро, меѓутоа фантастичниот Оспина во двата наврати ја сочува мрежата на Колумбија.
Колумбија во овој натпревар имаше јасна цел – да го сочува својот гол. Во тоа и успеа, па победникот на натпреварот мораше да биде одлучен со изведување на пенали.
Првите шест изведувачи беа милиметарски прецизни, но потоа настана нервоза. Најнапред за Колубија во четвртата серија промаши Луис Муриел, но потоа му се реваншира Лукас Билја за Аргентина. Зунига имаше повторно прилика за водство на Колумбија но не успеа. Втората прилика за победа на Аргентина не ја искористи Маркос Рохо, но затоа третата среќа ја имаше Карлос Тевез. Претходно Хеисон Муриљо изведе најлош пенал во историјата на големите натпреварувања, а причината ја бараше во нерамниот терен околу точката за 11 метри. По овој пенал Карлос Тевез ја испрати топката по средината на голот и поентираше за полуфинале.
Аргентина во полуфиналето на Копа Америка ќе го чека победникот од натпреварот Бразил-Парагвај кој е на распоред доцна вечерва, а другото полуфинале веќе е познато каде на домаќинот Чиле противник ќе му биде незгодната екипа на Перу.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град