Хрватска може да биде исфрлена од понатамошното натпреварување во квалификациите за Европското првенство во 2016 година, изјавил извршниот директор на FARE Piara Powar.
Челникот на организацијата која се бори против расизмот на фудбалските терени вели дека бил потполно шокиран кога го видел кукастиот крст на тревата во Пољуд.
“Такво нешто не може да се оправда, без оглед на околностите. Земајќи ги во предвид досегашните казни, дисквалификацијата на Хрватска е сега реална опција. Тоа би било вистинска штета за така квалитетна репрезентација”, рекол Powar за Guardian.
Со оваа изјава на Powar не се согласува Зоран Стевановиќ од регионалниот центар во Риека и соработник на организацијата FARE. “Би било преригорозно ако дојде до исфрлање на Хрватска од квалификациите, а со самото тоа и за Европското првенство. Без оглед на дебелото досие кое UEFA и FARE го поседуваат, никому не му е во интерес да посегнува по ваква ригорозна мерка бидејќи таа нема да биде едукациска, туку репресивна. Такво нешто ниту UEFA ниту FARE никогаш нема да ја поздрават па затоа се очекува комбинација на казни, од парична, натпревари без гледачи и одземање на бодови”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град