Хрватска се соочува со дисквалификација од Еуро 2016

На стадионот Пољуд во Сплит се случи невиден скандал на теренот

 |  инфодеск  | 

Како да не беше доволно што Хрватска играше пред празни трибини на Пољуд во натпреварот со Италија за квалификации на Еуро 2016 поради нередите во Милано и нацистичките навивања на мечот со Норвешка, се случи нов скандал во синоќешниот натпревар со појавувањето на нацистичкиот симбол на самиот терен.

Италијанските новинари веднаш го воочиле на теренот исцртаниот кукасти крст (свастика) и лавината негодувања неопходно започна. “Има свастика на тревата! Италијанскиот фудбалски сојуз ова го пријави во УЕФА”, напиша новинарот Sebastiano Vernazza.

Како што се зборуваше меѓу новинарите на стадионот делот од теренот каде беше исцртан кукастиот крст можел да настане со залевање со хемикалија од која тревата делумично гори, но на дневно светло тешко се забележува додека под рефлектори тој нацистички симбол добро се забележувал на теренот.

Луѓето задолжени за одржување на теренот воочи натпреварот, додека играчите се загревале, се обиделе со додатно тапкање на тревата тоа да го отстранат, меѓутоа ништо не помогнало.

По социјалните мрежи веќе се споделуваше фотографијата од теренот и лавината од реакции беше неминовна. Сите релевантни новинари од Италија во медиумите го објавија овој срамотен скандал на неколкумина индивидуалци.

Што може да ѝ донесе овој скандал на репрезентацијата на Хрватска? За нередите во Милано и недозволените нацистички скандирања во мечот со Норвешка, Хрватска беше казнета со огромна парична казна и синоќешниот натпревар без присуство на гледачи. Овој пат Хрватска треба да стравува од најтешката казна на УЕФА, а тоа е дисквалификација од натпреварувањата за Еуро 2016.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top