Visa со закани кон ФИФА

Nike директно учествувала во подмитувањето?

 |  инфодеск  | 

Корупцискиот скандал во светската фудбалска федерација може од страна на главните спонзори да биде искористен за раскинување на договорите што на ФИФА во иднина би можело значително да им ги намали приходите. Имено, од 5,7 милијарди долари, колку што ФИФА заработила помеѓу 2011 и 2014 година, од маркетинг биле 29% според финансискиот извештај.
Сите најголеми спонзори по апсењето на функционерите на ФИФА, изразиле загриженост. Сепак, Adidas, Coca-Cola, Hundai, Anheuser Bush и McDonald’s засега не покажале знаци дека би можеле да се повлечат од спозорирање.
Но, најострата критика доаѓа од компанијата Visa која соопштила дека ќе престане со спонзорствата на ФИФА доколку организацијата не се реформира и не извлече поуки од овој скандал. Visa минатата година го продолжи договорот со ФИФА за светските првенства во Русија и Катар. Меѓутоа, веќе некое време оваа компанија е остар критичар на фудбалската федерација, а во ноември минатата година Visa пратила писмо во кое бара организацијата да реагира на сомнежите за транспарентност при доделувањето на организацијата на Русија и Катар.
Visa реагирала и на неодамнешните написи за скоро робовладетелски услови на работа на странски работници кои ги градат стадионите и инфраструктурата во Катар.
Американскиот крак од истрагата за корупцијата во ФИФА ги зафати и некои од најголемите банки на WallStreet. Иако не се формално обвинети, американските медиуми тврдат дека парите од мито биле усмерени на сметките на JPMorgan, Citibank и Bank of America. Европските претставници ги чинат швајцарските банки UBS, Julius Bar и португалската банка Banco Espirito Santo. Од друга страна, се шпекулира дека и Nike (компанијата за спортска опрема која се спомнува во истрагата) директно учествувала во подмитувањето на функционерите на ФИФА.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top