Музичко сценскиот спектакл Кармина Бурана ќе го отвори Фестивaлот Охридско лето

Музичко сценскиот спектакл Кармина Бурана ќе го отвори Фестивлот Охридско лето.

 |  Валентина Неловска  | 
oh leto

Музичкиот сценски спектакл „Кармина Бурана“ од Карл  Орф  ќе го отвори 55 Јубилејно издание на Фестивалот Охридско лето.  Во 40 -те фестивалски денови ќе следуваат голем број екслузивни музички и театарски  настани, подвлекуваат музичкиот и драмскиот селектор на Охридско лето Гордана Неделкова Јосифоска и Ѓорѓи Јолевски.

oh leto„ Оваа година во Програмата се вклучени ексклузивните уметници кои ќе ги потврдат своите вредности на најпрестижните сцени во светската изведба. Програмата со уметници и атрактивна програма која ќе привлече огромен број на посетителите“, наведува Јосифоска Неделкова.  

Меѓу врвните светски музички имиња Неделкова Јосифоска ги набројува имињата на генијалниот пијанист Николај  Лугански, како и на пијанистите  Иво Погорелиќ и Андреј Коробников, јапонската виолинистка Мидори Гото, виолинистот  Максим Венгеров, рускиот виолинчелист Андреј Књажев,  оскаровецот Луис Бакалов со пијанистите Бакалов трио, Един Карамазвов, 2 Cellos. Роденденот на фестивлот ќе биде одбележан со Howard Gospel Chor, како и настапите  на врвни македонски музички имиња како што се опреската певица Весна Илкова Гиноска, Игор Киров, Софија Никова, Кирил Џајков.
Изборот на драмската програма е направена исто така внимателно како што доликува на Јубилејното издание, напомена  драмскиот селектор  Ѓорѓи Јолевски.

ох лето„ Драмската програма ќе е распоредена во три блока Првиот блок ќе е врзан за мотото „Театарот превенција против лудилото на војната“  и цитатот на Горан Стефаноски. Војната е масовно и организирано насилство, круна на политчка патологија и перверзија на историјата. Војната е средство со која историјата и човештвото меѓусебе се силуваат, а  љубовта е невозможна во светот на политиката“, рече Јолевски.

Во овој блок Јолевски наведе дека ќе се прикажат трите претстави „ Неопланта“ во режија на Андреш Урбан, „Нашиот клас“ во режија на Ханан Снир и „Фигурае венерис хисторијае“ во режија на Александар Попоски.  Љубителите на театарот ќе ги гледат и претставите Антониј и Клеопатра, Слуга на двајца господари, Куќа на граница, Опасни врски, Плеј Пинтер на НУ Охридски театар.           

На јубилејното фестивалско издание на Охридско лето ќе бидат изведени преку 30 музички настани, 14 театарски претстави  и 7 изложби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top